Принцот Хари и Меган Маркл не се враќаат да работат како членови на кралското семејство, објави Бакингамската палата. Кралицата потврди дека двојката нема да продолжи со задолженијата и обврските во јавната служба.
„Сите сме тажни поради ова, но тие и натаму остануваат многу сакани членови на семејството“, соопшти палатата.
Хари и Меган кажаа дека нивната служба е универзална и дека се подготвени и натаму да ги поддржуваат организациите што ги претставуваат. Тие ќе мора да ги вратат своите почесни воени именувања и кралски покровителства.
Војводата и војвотката од Сасекс минатиот јануари објавија дека се повлекуваат од нивните кралски задолженија и дека ќе станат финансиски независни. Тие во меѓувреме се преселија во Лос Анџелес.