Со цел да остане во допир со својата публика и за време на рестрикциите поради пандемијата, Националната опера и балет на Литванија се сврте кон социјалната мрежа ТикТок, каде што објавува настапи од своите уметници, привлекувајќи милиони гледачи.
Пет балерини танцуваа на главната сцена пред 1.000 празни места, снимајќи видео за ТикТок насловено „Силуета“, додека пејачите настапија во фоајето на операта и нивниот клип од 59 секунди е прегледан над 2,5 милиони пати откако беше објавен на 7 февруари.
„Нашата предност е што можеме да направиме едноставни работи со многу висок квалитет. Многу слични видеа за ТикТок се снимаат во тоалет. А, ние сме на национална оперска сцена, со пет примабалерини, 60-киловатно осветлување и со целиот професионален тим“, рече Гедиминас Седуикис, режисер во театарот.
Сите претстави во театарот се откажани уште од октомври како превентива од ширењето на коронавирусот.