Балетот при Националната опера и балет (НОБ) од 26 април до 11 мај ќе биде на турнеја во Германија, Холандија и Белгија.
Од НОБ велат дека на реномирани европски сцени ќе бидат изведени балетските класици „Лебедово езеро“ (фото) во кореографија на Виктор Јаременко и „Жизел“ во адаптација на Ирена Писариќ од Хрватска.
„Настапите во Белгија, Холандија и Германија се резултат на долгогодишна работа, дисциплина и професионален пристап, а не на случајност или протоколарна љубезност. Ова не е само културен успех, туку и можност за стратешко позиционирање на земјата како сериозен, модерен и доверлив партнер во Европа“, велат од НОБ.
(Фото: НОБ)