ТУРИСТИТЕ ВО ТАЈЛАНД ЌЕ МОЖАТ ДА ГО ПОМИНАТ КАРАНТИНОТ НА ЈАХТА

Бангкок, (Би-Би-Си)

Туристите кои доаѓаат во Тајланд ќе можат да го поминат задолжителниот двонеделен карантин на јахта. Владата се надева дека новата иницијатива ќе донесе приход од 42 милиона долари.

Потегот има за цел да го помогне оживувањето на локалната туристичка индустрија, која е тешко погодена од пандемијата на коронавирусот. Во јануари, земјата објави шема која на туристите им овозможува да го поминат карантинот играјќи голф.

Тајландската економија силно се потпира на туризмот, но на странските гости им е забранет влез од лани. Новата програма ќе им овозможи на туристите со негативен тест за коронавирус да го поминат времето на јахта или на мал крузер во Пукет. Се очекува стотина јахти да земат учество во програмата.

Владата во април или мај планира да ја лансира опцијата за хотелски карантин во најпопуларните туристички места.