Балтичките држави Литванија, Естонија и Летонија се поврзаа со пешачка патека долга 2.141 километар, што дава можност да се истражат шумите, националните паркови и дивината на регионот.
Наречена Шумска патека, таа е поделена во 20-километарски етапи со опции за сместување и превоз и почнува на полско-литванската граница во близина на градот Лаздијаи, а завршува во Талин, главниот град на Естонија.
Се проценува дека се потребни меѓу 102 и 114 дена за да се комплетира авантурата, при што се поминуваат 747 километри во Литванија, 674 во Летонија и 720 во Естонија. Некои од клучните точки се националниот парк Ѕукија во Литванија, кој се простира на 555 квадратни километри и езерото Пејпус, четврто по големина во Европа.