БЕЛГИСКИОТ ГРАД ГЕНТ СО ГОЛЕМИ КРУГОВИ ЌЕ ГИ ДРЖИ НАДВОРЕШНИТЕ СОБИРИ ПОД КОНТРОЛА

Гент, (Ројтерс)

Белгискиот град Гент се мачеше да ја убеди својата голема популација на студенти да го почитува социјалното дистанцирање во времето на пандемија, но властите се надеваат дека нашле решение како да ги држат надворешните собири под контрола.

Тие исцртаа 100 големи бели кругови на плоштадот Свети Петар во срцето на студентската област и во околните паркови, откако забавите во овој дел од градот минатата недела беа растурени од полицијата.

(Фото: Ројтерс)

Градоначалникот Матијас де Клерк изјави дека самите студенти ја предложиле идејата со круговите. Гент инаку е дом на 80.000 студенти.

„Иако моменталните ковид правила во Белгија забрануваат надворешни собири на повеќе од четири луѓе, круговите не се наменети само за групи. Секој е слободен да ги користи. Ова е убав пример за добро однесување“, кажа Де Клерк.

Круговите имаат дијаметар од шест метри и се оддалечени четири метри еден од друг.