„ЕЛ-ЏИ“ ВЕЌЕ НЕМА ДА ПРАВИ СМАРТФОНИ

Сеул, (Би-Би-Си)

Јужнокорејската компанија „Ел-Џи“ ќе го затвори својот бизнис со смартфони зашто само ѝ правел загуби. Таа објави дека ваква одлука била донесена откако биле разгледани сите опции за одделот, кој во изминатите шест години натрупал долгови од околу 4,5 милијарди долари.

„Ел-Џи“ е заслужна за многу иновации кај смартфони, како ултраширокоаголни камери и во 2013 година беше третиот најголем производител на светот. Шефовите на компанијата велат дека на пазарот на смартфони сега има преголема конкуренција.

И додека „Самсунг“ и „Епл“ напредуваа до статусот на најголеми играчи на пазарот на смартфони, „Ел-Џи“ се мачеше со проблеми со сопствените хардвер и софтвер. Минатата година, компанијата испорачала 28 милиони телефони, наспроти 256 милиони на „Самсунг“.