Пишува: д-р Наум Трпеноски, специјалист по офталмохирургија во специјалната очна болница „Деница“
Што се заменски контактни леќи?
Заменските контактни леќи се носат одреден период, а потоа се фрлаат и се заменуваат со нов пар.
Важно е да се разбере разликата:
-Еднодневни контактни леќи: треба да се заменат со нов пар секој ден.
-Месечни леќи: треба да бидат заменети со нов пар еднаш месечно.
-Тромесечни леќи: треба да бидат заменети со нов пар на три месеци.
-Годишни леќи: треба да бидат заменти со нов пар еднаш годишно.
Распоред на замена и носење
Често има недоразбирања околу тоа што значи да се смени распоредот и што е распоред на носење на контактни леќи. Распоред на замена на контактните леќи се однесува на тоа колку често ќе се фрли еден стар пар и ќе се земе нов пар леќи, а тоа зависи од видот, односно дали се дневни или месечни контактни леќи. Распоредот на носење на контактните леќи се однесува на тоа колку долго ќе се носат леќите, пред да ги отстраните од очите. Заменските контактни леќи може да се пропишани за дневно или продолжено носење, во зависност од физиологијата на очите, вашите потреби и, се разбира, од типот на леќата. Следете ги препораките на вашиот очен лекар и препораките на производителот.
Зошто воопшто да се вадат леќите од очите?
Колку почесто ги менувате контактните леќи, вашите очи ќе бидат поздрави. Протеини, калциум, липиди и други природни состојки на солзите се акумулираат на контактните леќи. Овие слоеви ги прават контактните леќи помалку удобни отколку кога беа сосема нови, а вашите очи можат да бидат повеќе склони кон инфекции. Се разбира, контактните леќи може да се чистат, но чистењето не е 100 отсто темелно.
Колку се важни препораките на производителот?
Производителите препорачуваат замена на контактните леќи врз основа на тоа колку долго може да се носат пред да направат наслаги од протеини, калциум, или липиди. И покрај чистење на леќата, ако не се еднодневни леќи кои ги менувате секој ден, на сите контактни леќи ќе се појават депозити, кои не можат да бидат отстранети. Овие слоеви прават вашите контактни леќи да бидат помалку удобни отколку кога беа нови, а вашите очи поподложни на инфекции. Затоа, треба да се следат препораките на производителот за рокот на замена на контактните леќи.
Зошто по истекот на рокот не треба да се носат леќите?
Месечни контактни леќи се менуваат еднаш месечно.Се менуваат затоа што пропустливоста на кислород се намалува со секој ден на преносување на леќата од пропишаниот рок и окото страда поради недостаток на кислород.
Кој распоред на менување на леќите е најдобар?
Тоа има повеќе врска со вашите очи, отколку со контактни леќи. Важно е да се одговори како вашите очи реагираат кога носите леќи. Кај некои луѓе очите лачат повеќе протеини и липиди од другите, па леќите мора да се менува често. Со внимателен преглед офталмологот ќе ви помогне да се утврди најдобар избор и распоред на замена на контактни леќи.