Кевин Спејси е исфрлен од веќе завршениот филм на Ридли Скот, „Сите пари на светот“, и заменет со ветеранот Кристофер Пламер, само еден месец пред филмот да се најде во киносалите.

Сајмон Холс, публицистот на режисерот, потврди дека 87-годишниот оскаровец е ангажиран за улогата на Џ. Пол Гети и дека веднаш ќе се почне со преснимување на сите сцени, во коишто се појавува Спејси.

Скот, кој е познат како ефикасен режисер, има намера да го задржи 22 декември како датум за премиера на филмот.

Филмот требаше да ја има светската премиера на АФИ фестивалот во Лос Анџелес на 16 ноември, но беше повлечен оваа недела, откако Спејси беше обвинет за сексуално вознемирување на 14-годишник. Тој, исто така, беше отпуштен од хит-серијата „Куќа од карти“, а го напуштија и неговите агенција и публицист.

„Сите пари на светот“ ги опишува настаните околу киндапирањето на 16-годишниот Џон Пол Гети Трети и обидот на неговата мајка да го убеди Џ. Пол Гети, неговиот дедо мултимилијардер, да плати откуп.
Пламер, како што беше кажано, бил првиот избор за улогата на Гети, но Скот потоа бил притиснат да земе поголемо име.