ОЛИВИЈА ВИЛИЈАМС ЌЕ ЈА ГЛУМИ КАМИЛА ПАРКЕР БОУЛС ВО ПЕТТАТА СЕЗОНА НА „КРУНА“

Лондон, (Дејли мејл)

Британската актерка Оливија Вилијамс ќе ја глуми Камила Паркер Боулс во новата сезона на хит серијата на „Нетфликс“, „Круна“.

Глумицата со богата театарска, телевизиска и филмска кариера ќе ја наследи улогата на идната војвотка од Корнвол од Емералд Фенел, која неодамна освои оскар за најдобро сценарио како режисерка на „Надежна млада жена“. Петтата сезона ќе го опфати најнестабилниот период од нејзината врска со принцот Чарлс, пред и по смртта на принцезата Дијана.

Според „Дејли мејл“, „Вилијамс поминала низ тест за испитување на хемијата со Доминик Вест“, кој доаѓа на местото на Џош О’Конор како принцот Чарлс.

Оваа сезона ќе почне да се снима во јули, со комплетно нова актерска екипа во улогите на членовите на британското кралско семејство: Елизабет Дебицки е принцезата Дијана, Имелда Стонтон е кралицата, Џонатан Прајс е принцот Филип, а Лесли Менвил е принцезата Маргарет.