БРИСЕЛ ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ДА ПАТУВААТ ВО ЕУ

Брисел, (ДПА)

Европската Унија постепено ќе ги олеснува ограничувањата за влез за патниците од Македонија, САД и шест други земји, откако со ова се согласија сите 27 членки на блокот.

„Државјаните на САД, Албанија, Хонгконг, Либан, Макао, Македонија, Србија и Тајван би требало полесно да влегуваат во Унијата“, соопшти португалското претседателство на ЕУ.

Сепак, секоја членка на ЕУ има право да воведе свои барања за патниците, вклучувајќи негативен ПЦР тест и карантин. Засега е непознато кога оваа одлука ќе почне да се применува.

На листата безбедни земји на ЕУ досега се наоѓаа Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд. Забраната за влез беше поддржана и од Норвешка, Лихтенштајн, Швајцарија и Исланд, кои не се членки на ЕУ.

„Денешната одлука и формално ќе биде усвоена до крајот на неделата“, кажа портпаролот на португалското претседателство.