Хорот на Националната опера и балет вечерва (21 часот) ќе одржи концерт на Зелениот покрив на ГТЦ.
На концертот, кој е дел од Скопско лето, диригенти/хор мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ, пијано придружба на Јанинка Невчева, а режисер е Трајко Јордановски. Ќе се изведуваат делови од оперите „Кармина Бурана“, „Набуко“, „Трубадур“, „Травијата“ и „Кармен“.
Влезот е слободен, а концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување настани.