Во разигран и позитивен тон помина втората Парада на гордоста во Скопје, настан кој слави, но и се бори за различности, љубов, еднаквост и слобода.
Под слоганот „Вон ѕидовите“, на чело со огромно знаме во боите на виножитото, симбол на ЛГБТ заедницата, стотици луѓе маршираа низ центарот на Скопје, без провокации, проблеми и инциденти. Маршот тргна од паркот Жена борец, а крајната дестинација беше Школка во Градски парк, каде што заврши со музичка програма.
Парадата, чие прво издание се одржа пред две години, е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.