ОТВОРЕН АКВА ПАРКОТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По една година пауза поради пандемијата на ковид-19, од овој викенд за посетители е отворен Аква паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти и тоа десет тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен и детско катче за забава во песок. Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави чиста и безбедна по сите светски стандарди и единствена од таков тип во нашата држава“, велат од Аква паркот.

Ќе работи секој ден од 10 до 19 часот.