АМСТЕРДАМ ГО ОТВОРИ ПРВИОТ 3-Д ОТПЕЧАТЕН ЧЕЛИЧЕН МОСТ

Амстердам, (Дезин)

Дванаесетметарски 3-Д отпечатен мост, дизајниран од Јорис Ларман, се отвори во Амстердам, шест години откако проектот беше почнат. Мостот направен од прачки од не‘рѓосувачки челик се наоѓа во популарната Зона на црвените фенери.

Во структурата се искористени 4,5 тони челик, а се печатеше шест месеци од роботи во фабрика, пред да биде поставена над каналот.

„Оваа роботска технологија овозможува големи метални дизајни да бидат отпечатени во 3-Д, со што значително се намалуваат тежината и влијанието врз животната средина. На овој начин се добиваат многу поодржливи структури“, изјави Гајс фан дер Фелден, коосновачот на компанијата „MX3D“, која го изработи мостот.