Примож Роглич го заокружи неверојатниот месец за словенечкиот велосипедизам откако го освои златниот медал на хронометарската трка на Олимписките игри во Токио. Роглич ја помина 44-километарската патека за нешто повеќе од 55 минути, славејќи пред Холанѓанецот Том Думулен и Австралиецот Рохан Денис.
Златото за 31-годишниот Роглич следува неколку недели по вториот триумф на неговиот сонародник Тадеј Погачар на Тур де Франс. Младиот Погачар беше трет на друмската трка на стартот на Олимпијадата.
Роглич лани беше втор на Тур де Франс и се очекуваше годинава повторно да го притисне Погачар, но имаше два тешки пада во првите три етапи и се повлече од трката. Тоа му даде дополнително време за подготовка за ОИ.
Роглич ја прекинал кариерата на ски-скокач на 17-годишна возраст по една тешка повреда и релативно касно почнал да се натпреварува во велосипедизмот, на 22 години. Во 2016, тој стана првиот Словенец кој освоил етапа на трките од Гранд тур, што се случи на Џиро д‘Италија, а во 2019 победи на трката околу Шпанија, Вуелта.