Филмското студио „Лајонсгејт“ потврди дека подготвува нов филм од серијалот „Платеници“ (The Expendables), кој обедини некои од најголемите акциони ѕвезди во Холивуд. Снимањето на четвртиот дел во режија на Скот Вог треба да почне наесен.
Силвестер Сталоне, Долф Лундгрен, Џејсон Стејтам и Ренди Кутур ќе ги повторат своите улоги од првите три филма, а некои од новите имиња во поставата се Меган Фокс и раперот 50 Сент.
Трите досегашни филма, од кои првиот излезе во 2010, вкупно заработија 804 милиони долари на светско ниво. Во претходните делови се појавија и Арнолд Шварценегер, Џет Ли, Чак Норис, Жан-Клод ван Дам, Брус Вилис, Весли Снајпс, Мел Гибсон, Антонио Бандерас, Харисон Форд, Ерик Робертс, Мики Рурк и Ронда Раузи.