ЦРНА КЛАСИКА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ НА „БРАЌА МАНАКИ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Политичари, кандидати за градоначалници, директори на државни институции, актери и вљубеници во филмот продефилираа на црвениот килим на синоќешното отворање на 42. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Екипата на „Сестри“ на режисерката Дина Дума

Првпат по многу години, поради запазување на ковид протоколи, фестивалот беше отворен во оригиналниот амбиент на битолско Пацио, наместо во киносалата на Центарот за култура. Се отвори со настапот на битолчанката Каролина Гочева и пијанистот Никола Мицевски, кои изведоа неколку филмски нумери.

Актерите Верица Недеска-Трајкова, Огнен Дранговски и Катерина Анговска-Дранговска

Црвениот килим остана дел од фестивалскиот декор. Судејќи според тоалетите што ги носеа дамите, црната боја е моден тренд. Најголем дел од гостинките беа во црни фустани и немаше многу шаренило во облеката.

Глумицата Викторија Степановска со сопругот и глумицата Илина Чоревска со партнерот

На отворањето беше прикажан филмот „Сестри“ на Дина Дума, а Пацио во Завод и музеј Битола остана полно со гости, иако со намален капацитет до 250 лица поради протоколите. По проекцијата, целата екипа од филмот се поклони пред публиката.

Директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, со Каролина Гочева
Министерката за култура Ирена Стефоска
Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска
Вицепремиерот Фатмир Битиќи
Дамевски со дел од гостите на фестивалот, меѓу кои професорката Марија Магдалена Петровска–Микаровска (лево), одговорна за дружината „Мети си со Класнето“

Ж. ЗДРАВКОВСКА

(Фото: ИФФК „Браќа Манаки“)