Вашите пријатели се тука за поддршка и забава. Тие се семејството кое самите го избирате и сте целосно благодарни за нив. Сепак, како и секоја врска, понекогаш и пријателствата имаа падови. Но, тоа не значи дека треба да престанете да бидете пријатели. Напротив, пауза може да зацврсне пријателството, бидејќи понекогаш е потребно да направите чекор назад за да се вратите на вистинскиот пат.
Единствен начин да го поправите пријателството е да научите што не ви се допаѓа и да направите нешто во врска со тоа. Тоа е нешто како враќање на фабричките поставки на вашиот телефон и возможно е потоа да станете и подобри пријатели
1. Ве нервираат и најмалите работи
Кога првпат станавте пријатели, дозволувавте здодевните навики да не ви пречат, бидејќи не ги забележувавте. По извесно време, тие мали нешта се собираат и почнувате да ги забележувате и наскоро може да експлодираат. Пауза може да ви помогне да се научите да реагирате подобро, само запаметете дека никој не е совршен.
2. Веќе не се смеете толку многу
Кога почнавте да се дружите, не можевте да престанете да се смеете. Сè стануваше интерна шега, но сега речиси и да не се смеете. Тоа значи дека веќе не се забавувате толку. Тоа е исто како кога ќе слушнете вашата омилена шега по илјадити пати, веќе не се смеете толку. Дружбите ви станале рутина, па треба да направите пауза за повторно да најдете нешто забавно да правите.
3. Премногу се потпирате на нив
Можеби сте забележале дека му праќате пораки на пријателот со кој се дружите секој ден. Сте станале толку зависни од нив за да се забавувате и секогаш кога нема да можете да бидете заедно, вие сте разочарани. Треба да се сетите дека и сами знаете да се забавувате, време за малку време со себеси.
4. Никогаш не сакаат да го прават она што вие сакате да го правите
Ако се навратите наназад на секое излегување со вашето друштво и забележите дека сите се нешта што вашите пријатели сакале да правите, тоа може да биде проблем. Ако сите ваши идеи постојано се отфрлаат, можеби треба да направите пауза за да ги направите работите што вие сакате да ги правите. Пријателството треба да биде компромис. Ако вашите пријатели се можеби себични, бидете и вие малку себични.
5. Здодевно ви е
Ако се дружите со вашите пријатели и често се фаќате себеси како го проверувате часовникот или веќе немате ништо заедничко, тоа е сигурен знак. Можеби вашето пријателство станува рутина и тоа не е добро за никого. За да го зачините пријателството, направете пауза. Тоа е исто како на работа, кога ви е потребен одмор понекогаш за да можете потоа подобро да им се посветите на работните обврски.
6. Секогаш ви судат
Во пријателство нема место за судење. Ако се чувствувате дека ви судат за облеката што носите или за тоа што го зборувате додека сте заедно, време е да преземете нешто. Вашите пријатели треба да ве прифатат такви какви што сте. Не треба да се чувствувате како да треба да ви ги одобрат постапките. Можеби ве земаат здраво за готово, па ако си дадете малку простор од негативноста околу вас. Потребни ви се пријатели кои ве прифаќаат и ве ценат, без разлика на сè. Добрите пријатели ќе го сфатат тоа и ќе ви се извинат.