СВРШЕНИЧКИОТ ПРСТЕН НА ПАРИС ХИЛТОН ЧИНИ 2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (ТМЗ)

Огромниот дијамантски свршенички прстен на Парис Хилтон е вреден 2 милиони долари. Познатиот златар Мајкл Грин, кој го дизајнираше милионскиот прстен на Парис, за ТМЗ изјави дека нејзиниот свршеник Крис Зилка го нарачал прстенот уште пред 5-6 месеци.

За врската на Парис и Крис се дозна во февруари, а тој знаел дека ќе ја побара за жена уште летоска. Грин, исто така, вели дека биле потребни четири месеци да се избруси дијамантот од 20 карати, а местењето во прстенот траело само два дена. Свршеникот на познатата наследничка на синџирот хотели Хилтон дошол да си го земе прстенот непосредно пред нивното патување во Аспен, каде што викендов ја побара за жена.