БЕБЕ ОД АЛАБАМА РОДЕНО ВО 21. НЕДЕЛА СТАНА НОВ СВЕТСКИ РЕКОРДЕР

Алабама, (Би-Би-Си)

Бебе од американската сојузна држава Алабама родено во 21. недела и официјално е прогласено за најпрерано роденото бебе кое приживеало. Кертис Минс тежел само 420 грама кога се родил, а сега е здраво 16-месечно дете. Од Гинисова книга на рекорди потврдија дека тој е новиот светски рекордер.

Неговата мајка Мишел Батлер била префрлена во болница на 4 јули 2020 и следниот ден се породила со близнаците Кертис и Сасја, која починала по само еден ден.

Со само еден процент шанси за преживување, Кертис веднаш бил сместен на интензивна нега, каде што три месеци бил приклучен на респиратор. Тој беше отпуштен од болницата во април, по 275 дена. За тоа време, терапевти му помагале да научи да дише и да ја користи устата за јадење.

„Моментот кога го донесовме Кертис дома и ги изненадивме моите постари деца ќе го паметам засекогаш“, кажа Батлер.

На Кертис и натаму му требаат дополнителен кислород и цевка за хранење, но лекарите велат дека неговата здравствена состојба е добра. Тој за само еден ден го подобри досегашниот рекорд што го држеше бебе од Висконсин.