Дојде тој временски период кога сушата и дехидратацијата ѝ штети на кожата. На нашите домови им треба греење, но тоа може да влијае негативно на кожата, ако не бидеме доста внимателни. Ете десет топ совети за да ја одржите кожата здрава оваа зима.
1. Бидете внимателни за начинот на кој се бањате и нанесувањето на крем. На вашето лице не му е потребно многу топла вода на овој годишен период, бидејќи жешката вода им штети на природните маснотии. Користете млака вода и не ја впивајте целосно кога го бришете.
2. Следниот чекор е да нанесете крем за влажност додека кожата е сѐ уште мокра, бидејќи на тој начин ќе се апсорбира поголема количина на производот. Најдете го соодветниот хидратантен крем за вашата кожа, за да ѝ го понудите токму она што ѝ е потребно.
3. Маслата за лице и тело со хидратантни својства се најпотребни во зима. Маслото од роза, лаванда и камилица се особено добри за нега на посува кожа.
4. Навлажнете го воздухот во вашиот дом за да го решите проблемот со сушата која е последица на постојаното греење. Одберете органско масло за да ја релаксирате атмосферата и да го прочистите воздухот од несаканите токсини.
5. Покријте се
Исто како што во лето на кожата и треба обезбедување против штетни сончеви зраци, во зима неопходни се ракавиците и шалот.
6. Хидратирајте се одвнатре преку пиење многу вода, вклучувајќи јадење на храна полна со вода, како јаболки, киви, портокали и зеленчук како целер, домати, краставици, тиквички, моркови секојдневно.
7. Одбегнувајте ги токсичните производи како хемикалии кои можат да ја сушат уште повеќе вашата кожа, особено ако имате критична состојба на кожата како егзема или псоријаза.
8. Ноќниот хидратантен крем е најпотребен, особено ако имате пресува кожа во одредени делови. Нанесете оргрански и природни мелеми и богати кремови.
9. Користете производи за зголемување на сјајот на кожата. Маслата од роза, бадем, арган и кокос природно ја намалуваат сушата на кожата во критичните зимски услови.
10. Ексфолирајте нежно доколку имате почувствителна кожа, за да ги отстраните мртвите клетки на кожата кои им пречат на прекрасните производи кои ги користите да влезат во кожата за оптимални резултати.