Боите на виножитото се распрснати по малите куќи во некогаш сивата населба во Лима, создавајќи оптичка илузија на огромен мурал на ридот Сан Кристобал, кој може да се види од повеќе точки во главниот град на Перу.
Проектот во населбата Летисија пред пет месеци го почнаа уметниците Карла Маган и Даниел Манрик, со цел да се подобри животот во заедницата погодена од пандемијата и да се промовира туризмот.
„Овој рид своевремено важеше за небезбедна област во градот. Кажуваа дека населбата е опасна. Решивме да ја тргнеме таа социјална стигма преку уметност“, изјави Манрик.
Делото на Маган и Манрик покрива површина од над 300.000 квадратни метри, со што е најголем урбан мурал во Јужна Америка.
„Сакавме да предизвикаме промена преку енергијата на боите и да го подобриме расположението на целото население среде пандемијата“, кажа Маган.