Ѕвездите на „Хари Потер“, Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Грин, ќе се обединат со остатокот на екипата по повод 20 години од излегувањето на првиот филм „Каменот на мудроста“, објави „Ворнер брос“. Сепак, авторката на книгите Џоан Роулинг нема да се појави во специјалното шоу, што ќе се емитува на стриминг платформата „Ејч-Би-О макс“ на 1 јануари.

Серијалот заснован на приказните на Роулинг заработи вкупно 7,8 милијарди долари на светско ниво. Не е познато зошто таа нема да им се придружи на актерите, при што ќе биде застапена само преку архивски снимки. Роулинг лани предизвика контроверзи со своите коментари за трансродови лица, при што некои ја обвинија за хомофобија.

Покрај ударната тројка од осумте филма Редклиф, Вотсон и Грин, во шоуто „20 години Хари Потер: Враќање во Хогвартс“ ќе гостуваат и Роби Колтрејн (кој го глумеше Хагрид), Том Фелтон (Драко Малфој), Хелена Бонам Картер (Белатрикс), Гери Олдмен (Сириус Блек), режисерот Крис Колумбус и други.