МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ИЗГОРЕ НА АВТОПАТ ВО БУГАРИЈА, ОД 52 ПАТНИЦИ САМО СЕДУММИНА ПРЕЖИВЕАЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Четириесет и пет луѓе загинаа во најтешката автобуска несреќа со македонски државјани досега, што утрово се случи на автопат во Бугарија. Преживеале само седуммина патници, кои се во болница во стабилна состојба.

  • Несреќата се случи околу два часот на автопатот „Струма“ во близина на Перник, 30 километри западно од Софија.
  • Снимките од несреќата покажуваат целосно изгорен автобус среде искршената бариера на автопатот.
  • Во автобусот имало 52 луѓе, од кои 45 загинале на самото место, а седумтемина патници кои успеале да избегаат се превезени во болницата „Пирогов“ во Софија и според лекарите, не се во животна опасност.
  • Меѓу загинатите се и 12 деца.
  • Според премиерот Заев, сите патници биле македонски државјани од повеќе градови, со исклучок на еден српски и еден белгиски државјанин.
  • Автобусот бил дел од групата од четири автобуси на превозникот „Беса транс“ кои се враќале од организирано патување во Истанбул, каде што заминале на 18 ноември.
  • Локалните истражители кажаа дека најверојатната причина за несреќата е човечка грешка или техничка неисправност, но засега не се знае дали автобусот прво удрил во оградата, па се запалил или претходно избувнал пожар во него.
  • Владата прогласи тридневна национална жалост поради несреќата, од денеска до 25 ноември и во тој период се одложуваат сите предвидени јавни настани.