Организаторот на Британските музички награди најави дека од 2022 дел од наградите ќе се доделуваат во родово-неутрални категории. Нема да има поделба на мажи и жени во категориите британски соло изведувач и меѓународен соло изведувач.

Овие категории ќе бидат заменети со изведувач на годината и меѓународен изведувач на годината.

Најавувајќи ја промената преку социјалните мрежи, организаторот кажа дека целта е уметниците да се наградуваат исклучиво за нивните музика и работа, наместо како одлучиле да се идентификуваат или како ги гледа околината.

„Ние сме посветени да ги направиме Британските музички награди што е можно поинклузивни и порелевантни“, стои во соопштението.

Следните Брит награди ќе се доделуваат во лондонската „02 Арена“ на 8 февруари.