КЕНГО КУМА ДИЗАЈНИРАШЕ МЕСТО ЗА ОДМОР НА ПЛАНИНАРИ ИНСПИРИРАНО ОД ПЛАНИНАТА ФИЏИ

Токио, (Дезин)

Архитектонското студио на славниот Кенго Кума дизајнираше колекција на објекти за одмор и релаксација инспирирани од околните планини.

Паркот Оут Хил е место за одмор со тоалети и платформа за набљудување, што се наоѓа на планинска локација покрај популарна планинарска патека на периферијата на јапонскиот град Ојама.

Објектите имаат форма на чадор, што потсетува на снежниот врв и острата форма на планината Фиџи, која се гледа во далечина.