СОДЕРБЕРГ И ТЕЈТУМ ЌЕ ГО СНИМААТ „МАГИЧНИОТ МАЈК 3“

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Актерот Ченинг Тејтум и режисерот Стивен Содерберг по вторпат ќе се спојат, за снимањето на филмот „Последниот танц на Магичниот Мајк“, во продукција на „Ворнер брос“.

Оскаровецот Содерберг го режираше првиот дел од комичната драма во 2012, а Грегори Џејкобс го работеше продолжението од 2015, „Магичниот Мајк: Икс-Икс-Ел“.

Филмот нема да игра во кината, туку директно ќе биде објавен на „Ејч-Би-О макс“, стриминг сервисот во сопственост на „Ворнер медија“. Сценариото, како и за претходните два филма, го пишува Рид Керолин.

Веста ја потврди и Тејтум на Твитер:

„Возбуден сум што повторно ќе соработувам со прекрасните колеги. Светот на стриптизерите веќе нема да биде ист“.