ЛЕГО КОЦКИ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОИСПЛАТЛИВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД ЗЛАТО И ВИНО, ВЕЛАТ РУСКИ ИСТРАЖУВАЧИ

Москва, (Гардијан)

Лего коцки се поисплатлива инвестиција од злато, уметност или вино, вели ново истражување. Тоа покажа дека вредноста на пазарот на користени лего коцки расте 11% годишно, што е побрза и подобра стапка на поврат од златото, акциите, обврзниците, поштенските марки и виното.

Руските истражувачи велат дека поголема добивка може да има ако се инвестира во необични, навидум несериозни добра, како лего коцки, барби кукли, фигури на суперхерои и модели на автомобили и возови.

„Обично веруваме дека купувањето накит, антиквитети и уметнички дела е добра инвестиција. Сепак, постојат и други опции, како играчки, на пример. Десетици илјади зделки се прават на пазарот на користени лего коцки секоја година. Тоа е огромен пазар што не е доволно познат“, вели Викторија Добринскаја од Факултетот за економски науки во Москва.

Најскапите сетови вклучуваат мотиви од „Војна на ѕвездите“ и Таџ Махал.

„Комплетите произведени пред 20-30 години будат голема носталгија кај колекционерите и цените одат до небо“, додаде Добринскаја.