ЏЕЈМС ФРАНКО ПРИЗНА ДЕКА СПИЕЛ СО СВОИ УЧЕНИЧКИ И ДЕКА БИЛ ЗАВИСЕН ОД СЕКС

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Џејмс Франко призна дека имал секс со ученички од својата школа за глума, што следува речиси четири години откако беше обвинет за недолично сексуално однесување. Во јули годинава, тој се согласил да плати 2,2 милиона долари откако беше тужен за нападно сексуално однесување кон ученички.

„Додека предавав глума, навистина спиев со ученички и тоа беше погрешно. Но, не е вистина дека сум отворил школа за да намамувам жени за секс“, изјави Франко во интервјуто за еден поткаст.

Тој додаде дека долго време молчел за ова зашто некои луѓе биле вознемирени, а тој имал потреба да слуша.

Сара Титер-Каплан и Тони Гал, кои оделе во сега згаснатата школа за глума на Франко, го обвинија холивудскиот актер дека сексуално искористувал жени во име на образованието. Франко тогаш кажа дека овие обвиненија не се точни.

Тој призна дека станал зависен од секс откако се излекувал од алкохолизмот, што го развил на помлади години.

„Сексот е многу моќна дрога. Бев навлечен повеќе од 20 години. Добрата страна е што цело време ме држеше подалеку од алкохолот“, кажа Франко.