СВЕТОТ ЈА ПРЕЧЕКУВА 2022, САМОА И ТОНГА ТРАДИЦИОНАЛНО ПРВИ СЛАВАТ

Окленд, (Си-Ен-Ен)

Збогум 2021, нека 2022 донесе свежа надеж.

Новата година веќе пристигна во некои делови од светот.

Традиционално, првите спектакуларни огномети се испукуваат во Нов Зеланд, на пладне по македонско време, но честа први да ја прослават ја имаат мали океански нации. Тоа се случи во 11 часот по македонско време, кога жителите на Самоа, Тонга и на Божиќниот Остров влегоа во 2022.

Поради пандемијата, во Окленд овојпат немаше огномет, туку светлосно шоу.

Бидејќи има 39 различни временски зони, на целата планета ѝ требаат 26 часа за да влезе во новата година, од кои последното населено место е Американска Самоа. Таа и Самоа се разделени со само еден час лет, но се наоѓаат на различни страни од Меѓународната датумска линија во Тихиот Океан.