ЏОНИ ШТУЛИЌ НА ЈУТЈУБ ОБЈАВИ АЛБУМ СО НОВИ И СТАРИ ПЕСНИ

Белград, (Н1)

Бранимир Џони Штулиќ, легендарниот фронтмен на „Азра“, приреди новогодишно изненадување и објави нов албум на својот канал на Јутјуб. Албумот е насловен „Сплет“ и содржи 28 песни. Тој претставува збир од нови песни на Штулиќ и некои стари хитови на „Азра“.

Од распадот на Југославија, сега 68-годишниот Штулиќ живее во Холандија и нерадо разговара со колегите и новинарите.

Штулиќ е еден од најхаризматичните и најталентирани југословенски музичари од 1980-ите и во тој период објави седум студиски и два концертни албуми со „Азра“.