ПО 90 ГОДИНИ, „ЏЕНЕРАЛ МОТОРС“ ВЕЌЕ НЕ Е НАЈПРОДАВАНАТА АВТОМАРКА ВО САД

Детроит, (Би-Би-Си)

„Џенерал моторс“ по 90 години ја изгуби титулата на најпродавана автомобилска марка во САД. Првото место го презеде „Тојота“, откако лани продала повеќе од 2,3 милиони возила, што е пораст од 10%.

„Џенерал моторс“ кажа дека неговите продажби, намалени за 13%, биле нарушени од раширениот недостиг на полуспроводнички делови, што ја погоди автомобилската индустрија. Компанијата од Детроит продаваше најмногу автомобили во САД од 1931 година и вети дека ќе се врати.

„Да бев ‘Тојота’, не би брзал да си ставам тетоважа ‘Ние сме број еден‘“, изјави портпаролот на „Џенерал моторс“, Џим Кејн.

Компанијата лани продала 2,2 милиона возила во САД, наспроти 2,5 милиони во 2020.

„Тојота камри“ е најпродаваниот патнички автомобил во САД веќе 20 години, додека „тојота рав4“ е најпродаваниот теренец во изминатите пет години.