ЛА ЛЕЈКЕРС ПРОДАДЕН ЗА РЕКОРДНИ 12,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Лос Анџелес Лејкерс ќе биде продаден за рекордна цена од 12,5 милијарди долари, помалку од една година откако Марк Волтер го презеде мнозинскиот удел во НБА франшизата. Поранешниот извршен директор на „Дизни“, Боб Ајгер и Џош Кушнер, брат на зетот на Доналд Трамп, Џаред, го купуваат контролниот удел во еден од најпознатите спортски тимови во светот.

Волтер го купи својот удел, кој наводно вреди околу 10 милијарди долари, од семејството Бас во договор што беше одобрен во октомври 2025.

„Како доживотни фанови на НБА, длабоко сме почестени од можноста да станеме управници на Лос Анџелес Лејкерс, една од најпознатите спортски франшизи во светот“, рекоа Кушнер и Ајгер.

Џери Бас го купи Лејкерс за 67,5 милиони долари во 1979, заедно со хокејарскиот тим Лос Анџелес Кингс и арената во Лос Анџелес, позната како „Киа Форум“. По неговата смрт во 2013, сопственоста им беше предадена на неговите шест деца, пред да се склучи договор со Волтер.

ЛА Лејкерс има 17 титули во НБА, една помалку од рекордот на Бостон Селтикс.

(Фото: АП)