КЕЈТ МИДЛТОН ГО ОДБЕЛЕЖА 40. РОДЕНДЕН СО ГЛАМУРОЗНИ ПОРТРЕТИ

Лондон, (Гардијан)

Војвотката од Кембриџ го одбележа својот 40. роденден со објавувањето на три гламурозни портрети. Облечена во различни фустани од Александер Меквин, сопругата на принцот Вилијам му позираше на модниот фотограф Паоло Роверси и ги опиша фотографиите како „момент на чиста радост“.

(Фото: ПА)

„Војвотката му дава надеж на целиот свет со својата позитивна енергија“, изјави Роверси.

На еден од портретите, Кејт носи обетки позајмени од кралицата, а на другите две накит што ѝ припаѓаше на принцезата Дијана.

(Фото: ПА)

Кејт ќе го прослави роденденот со семејството во својот дом во Норфолк. Таа стана дел од британското кралско семејство во 2010 кога се сврши со принцот Вилијам. Се венчаа наредната година и во меѓувреме добија три деца.