Британска двојка прослави 81 година брак, иако нивната ќерка изјави дека своевремено им кажувале дека тој нема да трае долго. Рој и Џојс Бојд, кои имаат 102, односно 100 години, живеат во дом за стари лица во Милтон Кејнс и се верува дека се најдолговечната брачна двојка во Велика Британија. Тие се венчале на 4 јануари 1941.
„Кога се венчале, им кажувале дека бракот нема да им трае долго. Колку многу не биле во право“, изјави Ајлин Бојд.
Минатата година, Рој и Џојс Бојд примија специјална честитка од кралицата за 80-годишниот јубилеј. Велат дека се вљубиле на прв поглед и дека целосно си одговараат во врската.
„Во нашата врска нема шеф. И двајцата и даваме и земаме. Не очекувавме да доживееме 81 година во брак и многу сме среќни поради тоа“, рече Џојс.
Двојката има две деца, три внуци, шест правнуци и еден праправнук.