ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА НОТИНГЕМШИРСКИОТ ОРКЕСТАР НА КРАЛСКИТЕ ИНЖЕНЕРИ И ВОЕНИОТ ОРКЕСТАР НА МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (8 јуни) од 18.30 часот, на сцената Школка во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи концерт на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот оркестар на македонската армија.

Концертот е по повод одбележувањето на роденденот на Кралот Чарлс трети, а го организира Британската амбасада во соработка со Армијата на Македонија,

„Целта на настанот е заедничко одбележување на роденденот на британскиот монарх, и прослава на пријателството и партнерството меѓу Обединетото Кралство и Македонија“, велат организатоите.