БРИТАНСКИ АРХИТЕКТИ НАПРАВИЈА УНИКАТНО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ДАБОВА ШУМА

Велика Британија, (Дезен)

Во шумата „Силк Вуд“, во состав на ботаничката градина „Вестонбирт“ во Глостершир, Велика Британија, три архитектонските студија направија уникатно детско игралиште, изработено од дабово дрво од околната шума.

Сместен на местото кое порано било каменолом, просторот е внимателно вклопен во шумскиот пејзаж. Наместо класични игралишта со стандарден инвентар, архитектите создале неформален простор што ја поттикнува детската имагинација, овозможувајќи им на децата да се качуваат, да истражуваат, да играат криенка и сами да измислуваат игри.

Во шумското игралиште има дрвени мостови од трупци, природни препреки за искачување, тобоган вграден во стебло, како и впечатлива кула за набљудување во форма на конус, обложена со дрвени елементи. Во центарот на просторот се наоѓаат и ѕидови за криенка, изработени од вертикални дрвени панели од природна кора, што дополнително го нагласува природниот изглед.

Во шумското игралиште има дрвени мостови од трупци, природни препреки за искачување, тобоган вграден во стебло, како и впечатлива кула за набљудување во форма на конус (Фото: Џ.Хортон)

Основачот на „Пирс+“, Овен Пирс, вели дека целта била да се создаде простор што ќе биде единствен и специфичен токму за Вестонбирт.

„Концептот беше насочен кон отворена игра, поттикнувајќи ги посетителите да се качуваат, да истражуваат и да измислуваат сопствени игри, наместо да следат однапред зададени активности“, рече Пирс. Неговата фирма, игралиштето го направи со колегите од „Инвизибл студио“ и „Лин стракчрс“.

Тимот намерно ги оставил видливи природните неправилности на дрвото и ги претворил токму тие карактеристики во важен дел од дизајнот, со цел просторот да делува што поприродно и во склад со шумската средина.