„Вавилон Берлин“ е петтиот графички роман што „Бункер“ го издаде во рамките на едицијата „Апсолутни почетници“.
Стрипот е адаптација на криминалистичкиот роман на Фолкер Кучер, по кој е снимена истоимената хит серија. Приказната се случува во Берлин во 1929 година во време на политички превирања, кога младиот и амбициозен инспектор Рат истражува убиство, но наидува на отпор од сите страни. Наскоро, тој ќе биде вовлечен во мрежа на измама и корупција и потрага по руско злато.
Авторот Арне Јиш прецизно ги отсликува гламурот на модерниот велеград и општествените и политички напнатости во Вајмарската Република од тој период. Тој во делото гради сопствен заплет, што се разликува од оној во серијата.