МОСТ НА ИГРАЧКИ ГИ ПОВРЗУВА УКРАИНА И РОМАНИЈА

Букурешт, (АФП)

Стар дрвен мост над реката Тиса кај северниот романски град Сигету Мармациј е претворен во „мост на играчки“ откако граничните службеници и локалните жители почнале да оставаат играчки за најмладите бегалци кои доаѓаат од Украина.

(Фото: Фејсбук)

„Обични луѓе, гранични службеници и волонтери оставаат играчки на оградата на мостот, па кога ќе влезат во Романија, украинските деца можат да си земат една“, напиша полицијата на Сигету Мармациј на Твитер.

Сигету Мармациј е еден од трите гранични пункта преку кои украинските бегалци можат да влезат во Романија. Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, повеќе од еден и пол милиони деца избегаа од Украина, односно 55 секоја минута, соопшти УНИЦЕФ.