ЏУЛИЈАН АСАНЖ СЕ ОЖЕНИ ВО ЗАТВОР ВО ТЕРМИНОТ ЗА ПОСЕТИ

Лондон, (Ројтерс)

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска се ожени со својата долгогодишна партнерка Стела Морис во лондонскиот затвор „Белмарш“, а на малата церемонија смееја да присуствуваат само четворица гости, двајца официјални сведоци и двајца чувари.

Стела Морис носеше венчаница креирана од Вивиен Вествуд

Педесетгодишниот Асанж е во затвор од 2019, додека САД ја бараат неговата екстрадиција поради објавување илјадници доверливи воени и дипломатски документи. Претходно, седум години живееше во еквадорската амбасада во Лондон и за тој период доби две деца со адвокатката Стела Морис, со која ја почна врската во 2015.

Венчавката се одржа во терминот за посети во затворот, чија управа забрани да присуствуваат новинари и фотограф. Морис носеше венчаница креирана од Вивиен Вествуд, која во минатото лобираше против екстрадицијата на Асанж.