ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ ЌЕ ИМА И ВТОРА СЕЗОНА

Лос Анџелес, (АП)

„Ејч-Би-О макс“ потврди дека ќе се снима и втората сезона на серијата „И едноставно така…“, која е своевидно продолжение на „Сексот и градот“, но без една од главните ѕвезди, Ким Катрал.

„Воодушевени сме и возбудени што ќе раскажаме повеќе приказни за овие живописни, смели ликови, кои ги играат моќни и неверојатни актерки“, изјави извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг.

Засега нема информации кога ќе се емитува втората сезона.

Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ги повторија улогите на Кери, Миранда и Шарлот во новата серија со десет епизоди. „Сексот и градот“ се емитуваше од 1998 до 2004 и освои седум Еми награди, а се снимија и два филма, во 2008 и 2010 година.