КНИГАТА „ЛИРСКИ ЕЛЕГИИ“ НА ПОЕТОТ И ДОКТОР АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ ПРЕВЕДЕНА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поетската збирка „Лирски елегии“ од поетот и доктор Александар Трајковски е објавена на англиски јазик, во превод на Зорица Врчковска. Под името „Lyric Elegies“, книгата е достапна во печатена и електронска форма преку сајтовите на „Barnes & Noble“, „Apple Books“, „Smashwords“ и други платформи за литература.

Книгата оригинално беше објавена минатата година од издавачката куќа „Дата Песнопој“.

Трајковски е доктор, поет, преведувач, толкувач и редовен член на Македонското научно друштво во Битола. Автор е на повеќе книги поезија за возрасни и деца, од кои „Лирски елегии” и Поеми од Балканот” се преведени на над 10 јазици.

Студирал медицина во Букурешт, одлично го познава романскиот јазик и на него преведува дела од современи македонски писатели.