Велес доби памп патека во Градскиот парк, каде што младите ќе имаат можност да спортуваат со велосипеди, ролери и скејтборди.
„Оваа патека ја работевме подолг период, согласно временските услови. Тоа е урбано катче што му наликува на Велес. Се надевам дека корисниците ќе го одржуваат“, кажа градоначалникот Марко Колев.
Памп патеката е отворена за користење за сите заинтересирани, но се размислува дали да се даде на некое здружение на граѓани кое би ја одржувало.
Полигонот, каков што има и во Скопје, е изграден на простор од 660 квадратни метри. Инвестицијата од 3,9 милиони денари е обезбедена од општинскиот буџет.
П. ПЕЧКОВ