Режисерот Тод Филипс го најави продолжението на „Џокер“, иако сè уште не бил потпишан договор со главната ѕвезда Хоакин Феникс.
Филипс на Инстаграм објави фотографија од сценариото на филмот, чиј работен наслов е „Joker: Folie à deux“, што е медицински израз за ретко ментално растројство кое погодува двајца или повеќе луѓе.
„Џокер“ беше голем хит во кината, заработувајќи над една милијарда долари на светско ниво, но и освои два оскара од 11 номинации.