Шерон Стоун откри дека доживеала девет спонтани абортуси.
Шеесет и четиригодишната актерка раскажа за ова со цел да ѝ даде поддршка на новозеландската танчарка Пита Маргатројд, која неодамна откри дека го изгубила бебето додека нејзиниот сопруг е во Украина.
„Ние жените немаме простор да зборуваме за големината на оваа загуба. Јас изгубив девет деца преку спонатни абортуси. Тоа не е мала работа, и физички и емоционално. Па, сепак, принудени сме да мислиме дека тоа е нешто со што мора сами да се носиме и да го чувствуваме како еден вид неуспех“, кажа Стоун.
Таа е мајка на три посвоени машки деца, кои денес имаат 16, 17 и 22 години.
„Место да ги добиеме толку потребните емпатија и зацелување, женските здравје и добросостојба се препуштени на машката идеологија“, вели Стоун.
Стоун претходно откри дека имала неколку спонтани абортуси додека беше во брак со Фил Бронстин од 1998 до 2004.