ИЛОН МАСК ЛАНИ ДОБИЛ БЛИЗНАЦИ СО ДИРЕКТОРКА ВО НЕГОВАТА ФИРМА „НЕУРАЛИНК“

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Илон Маск лани добил близнаци со Шивон Зилис, која е директорка во неговата невротехнолошка компанија „Неуралинк“, покажуваат судски документи.

Најбогатиот човек на светот сега има девет деца за кои се знае: пет со бившата сопруга Џастин Маск и две со пејачката Грајмс, од кои второто се роди во декември.

Судските документи до кои дојде „Инсајдер“ велат дека Маск и Зилис поднеле барање за промена на имињата на близнаците за да ги содржат презимињата на таткото и мајката. Барањето било поднесено во Остин, Тексас, каде што Зилис наводно се породила во ноември, само еден месец пред Маск да го добие второто дете со неговата повремена девојка Грајмс преку сурогат мајка.

Триесет и шестгодишната Зилис важи за ѕвезда во подем во светот на вештачката интелигенција и е директорка за операции и специјални проекти во „Неуралинк“, каде што работи од 2017.