Скопскиот танцов клуб „Брејк а лег“ (Brake A Leg) освои две шампионски титули на Европското првенство во хип хоп, што од 2 до 5 јули се одржуваше во салата „Јане Сандански“ и во трговскиот центар „Ист гејт“.

„Брејк а лег“, кој брои над 400 члена, го освои првото место во хип хоп битка за деца и возрасни, а беше втор во категоријата деца-формации.

На Европското првенство настапија повеќе од 1.800 танчари од 21 држава.

Следен предизвик за „Брејк а лег“ е Светското првенство во хип хоп, чиј домаќин ќе биде Австрија. Исто така, „Брејк а лег“ ќе биде еден од организаторите на Европското првенство во модерен и класичен балет, заедно со танчарското студио „Ит д бит“.