ХРВАТСКИОТ БЕНД „ХЛАДНО ПИВО“ ГО СЛАВИ 35. РОДЕНДЕН И СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Легендарниот хрватски панк рок бенд „Хладно пиво“ ќе настапи во Скопје на 9 октомври во рамките на турнејата со која одбележува 35 години постоење. Турнејата е насловена „Последна тура“, зашто групата најави дека ќе следи подолга концертна пауза.

Концертот ќе се одржи во Младински културен центар во организација на „Пасворд продукција“ и исто така претставува увертира во годинашниот фестивал Таксират.

Предводен од пејачот Миле Кекин, „Хладно пиво“ има објавено осум студиски албуми и е еден од најнаградуваните хрватски бендови. Последниот настап во Македонија го имаше лани на Таксират.