ТРПЧЕСКИ ИМ ПОДАРИ НЕЗАБОРАВНА ВЕЧЕР НА СКОПЈАНИ СО ПРЕМИЕРАТА НА „МАКЕДОНИСИМО“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Платото пред Националната опера и балет беше исполнето како никогаш досега откако Симон Трпчески првпат го донесе својот уникатен музички проект „Македонисимо“ во Скопје. Бројни граѓани дојдоа да уживаат во еден сосема нов пристап кон македонската народна музика, креиран од Трпчески и композиторот Панде Шахов, кои својот „ептен македонски“ проект го замислија како подарок за Македонија и македонскиот народ.

(Фото: К. Попов)

Официјалната македонска премиера се случи пет години по светската во Германија и проектот се изведе во десетина земји пред да дојде дома. Иако призна дека жали поради тоа, Трпчески вели дека имало објективни причини за чекањето, а една од нив е и големата одговорност што ја има пред домашната публика.

(Фото: К. Попов)

Во изведба на Трпчески и неговите колеги и гости, познати и помалку познати мелодии прозвучеа во нови аранжмани, споени во целини, некои како филмска музика, некои џезерски, некои во класичен стил, но секогаш маестрално и разиграно.

(Фото: К. Попов)

„Македонисимо“ овој месец ќе се изведе и во Штип и Битола, а потоа го продолжува патот по светот, за да ги презентира богатството и разноликоста на македонскиот фолклор.

Г. КОНЕВ

(Фото: К. Попов)
(Фото: К. Попов)